| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Џексон: Син ми не беше монструм

majk jacskonМајката на Мајкл Џексон, осумдесетитри годишната Кетрин Џексон сведочеше пред судот, во случајот на тужбата која ја поднесе против промотивната компанија AEG, која ја смета за делумно виновна за смртта на нејзиниот син, бидејќи тие го ангажирале лекарот Конрад Мареј, кој се наоѓа во затвор поради несовесно лекување на славниот пејач.

Таа низ солзи раскажувала за својот син и изјавила дека и е многу тешко да ги слуша сите невистини кои ги кажуваат за синот.

– Најтешко ми е да седам овде, во оваа судница и да ги слушам сите грди работи кои се кажуваат за мојот син – вели таа плачејќи, и потсетувајќи на сите добрини што тој ги направил.

Таа признала дека нејзиниот син земал лекови против болка, но не знаела дека тој има проблем со зависност. Нагласува дека неговата смрт посебно ја погодила неговата ќерка Парис, која неодамна заврши во болница откако се обиде да се самоубие.

– Тешко ми е да слушам колку тој бил болен. Мојот син не беше чудовиште – изјавила Кетрин.

Поради нејзиниот замор судењето било прекинато. Судот утре повторно ќе заседава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top