| четврток, 6 декември 2018 |

Камиказите од Манчестер јунајтед (видео)

Манчестер јунајтед има извонредни фудбалери, но понекогаш дел од нив стартуваат непотребно остро. Вчераа Патрис Евра и се повреди, откако како камиказа влета во противникот од тимот составен од играчи кои настапуваат во Првата австралиска лига.

Пред него и Нани направи уште поголем кикс, кога во безопасна зона со карате удар го покоси Арбелоа од Реал Мадрид и доби црвен картон во реванш мечот од осминафиналето во ЛШ. Евра го стори тоа на пријателски натпревар, а Нани во еден од најважните дуели лани за „црвените ѓаволи“. Јунајтед по исклучувањето на Португалецот прими два гола од Реал и испадна од ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top