Игор Тудор и Хајдук се под силен притисок на хрватските медиуми кои сметаат дека великанот од Сплит одиграл слабо против Турново во првиот дуел од квалификациите за Лига Европа. Хајдук победи со 2-1, но се намачи против дебтитантот на европската сцена.
„Новинарите по нашата победа над Задар од 5-1 си направија приказна дека ние треба на тимот од село со 900 жители да му дадеме 10 гола. Не ме интересира што пишуваат и кажуваат, тоа си е нивен проблем. Хајдук беше многу подобар противник, иако не игравме сјајно. Имавме инцијатива, посед на топка во однос 60-40 и натпросечен број на додавања за хрватската лига, или точно 625“, изјави Тудор, пред дербито со Риека, на домашната сцена. Тој меч се игра на „Пољуд“, а ќар може да има и Турново. Риека се засили за оваа сезона, има одличен тим, па пред Хајдук денеска е тежок тест и го чека исцрпувачки натпревар.
Македонското првенство се уште не е почнато и турновци имаат повеќе време за одмор и рехабилитација од Хајдук. Патем, грешката со Вареловски и Тенекеџиев, кои не играа во Сплит поради огромен кикс на административците на македонскиот клуб, а имаа право да настапат, сега нема да се повтори и со Блажевски и Митров. Двајцата фудбалери имаат по два жолти картони, но нема да паузираат поради правилото на УЕФА, кое вели дека во квалификациите се одмара по третата опомена, а не со два жолти картони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


