Една од седумте оригинални Шиндлерови листа се најде на продажба на И-беј, со почетен износ од три милиони долари, објави порталот „Мкд.мк“.
Оскар Шиндлер бил моќен бизнисмен и нацист, но во историјата е познат како голем спасител на Евреите за време на Втората светска војна.
Тој спасил 1.200 Евреи од смрт, така што ги убедил властите дека тие му се од големо значење за работа во фабриката, која ја отворил во денешна Република Чешка.
Седумте листи се напишани во 1944 и во 1955 година, но денес се останати само четири, од кои две се во еден израелски музеј, а една е во САД.
Продавачот на оваа листа сака да остане анонимен, а наддавањето ќе трае седум дена, со почетна цифра од три милиони долари.
Во 1993 година беше снимен и филм за него, „Шиндлеровата листа“, со Лиам Нисон во главната улога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.