| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор од 30 дена за синот на Жељко Митровиќ

Откако завчера синот на сопстеникот на телевизијата Пинк, Александар Митровиќ (20) ја прегазил 17 годишната Андреа Бојаниќ на пешачки премин, откако претходно поминал на црвено, и избегал од местото на несреќата, полицијата му одреди притвор од 30 дена.

Српските медиуми пишуваат дека согласно законите, максималната казна која му се заканува е 12 години затвор. Анкетите по локалните медиуми покажуваат дека граѓаните не очекуваат фер судење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top