Култната претстава „Изгубени Германци“во режија на Слободан Унковски, а работена по текст на Дејан Дуковски утревечер е на репертоарот на „Охридско лето“. Претставата изобилува со цинизам и комични лементи, што е нова линија на Дуковски, а режисерот Унковски направи исклучителен пристап на темата. Селекторот на драмската програма на Фестивалот, Ѓорѓи Јолевски ја најави како најгледаната претстава во Македонија за оваа сезона.
-Во еден месец претставта се играше најмалку шест пати. Затоа решив ова претстава од МНТ од Скопје да биде на репертоарот на Охридско лето, вели Јолевски.
Осврнувајќи се на досегашниот тек на фестивалската програма Јолевски ја оцени како задоволителна.
-Досега имавме голем број гледачи и тоа значи дека публиката со нетрпение ги очекува драмите на Охридско лето. Имаме две успешни премиери проследени со громогласни аплаузи и јас морам да бидам задоволен од тоа.
Во актерката екипа на хит-претставата ѕвездите на Македонскиот народен театар.
-Особено ми е драго што по една деценија ќе бидам повторно на „Охридско лето“ и по тој повод се чувствувам доста свечено. Особено ми е драго што дојдов со претстава на МНТ, што долго време не се случило. Ова е мошне свежа претстава, досега се играше на сцената на МНТ и на Фестивалот „Водјан Чернодрински“, а ова нејзино второ изведување надвор од Скопје. Претставата се игра во затворен простор бидејќи според драматургија се работуи за рудник. Би било нелогично да се игра во отворен простор бидејќи рудникот е детермиран рудсикот и било каков отворен простор би ја компромитирал претствата, изјави Никола Ристановски.
За Оливер Митковски очекувањата се големи.
-Во оваа претстава јас играм лик, кој според текстот на Дејан Дуковски би теребало да биде оној Американец, припадник на глобалниот капитализам, меѓутоа во нашата верзија според режисерот Унковски се направи една биографска приказна на ликот, и сето тоа го лоцира во ликот на охриѓанец. Тоа е особено интересно и возбудливо за мене, бидејќи сега за првпат ќе настапувам пред охридската публика како охриѓанец и тоа за мене ќе биде вистинскии тест. Во Скопје тоа помина одлично ќе видиме како ќе помине тука, ни рече Митковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меѓународен научен собир „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“
-
МНТ ја подготвува „Галеб“ во режија на Нина Николиќ
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
Забавен викенд во Зоолошка градина: Претставата „Принцот жаба“ в недела напладне