| четврток, 6 декември 2018 |

Блан не го пушта Ибрахимовиќ, Швеѓанецот и Кавани ќе бидат опасен тандем во ПСЖ

Пари сен Жермен го купи Едисон Кавани за 63 милиони евра, а француските медиуми веднаш објавија  напаѓачот Златан Ибрахимовиќ е незадоволен поради тоа па размислува да ги напушти редовите на францускиот шампион. Но, тоа го демантира новиот тренер Лоран Блан.

 

„Разговарав со Ибрахимовиќ и оптимист сум. Немам баш никаква причина да очекувам негово заминување“ ,  вели Блан. Ако остане популарниот Ибракадабра, тогаш клубот од Париз ќе го има можеби и најдобриот напаѓачки тандем во Европа, Ибрахимовиќ-Кавани.

 

„Клубот следната сезона би требало да има одличен напаѓачки тандем. Ибрахимовиќ и Кавани, сигурен сум, може чуда да направат со заеднички сили. Убеден сум дека може да играат заедно“, додаде Блан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top