Демоде фармерки и сини „старки“ без врвци, во комбинација со неговиот заштитен знак – кошула, Владо Ѓеоргиев потфрли со облеката за настап.
Но, таму остана лошото. По неколку години пауза од настапите во Македонија, српскиот боем повеќе од час и половина ја забавуваше публиката на „Пивофест“ со неговите најголеми хитови.
Се пееше од почеток до крај заедно со него, а колку е задоволен од вечерашното гостување Владо веднаш се пофали на Твитер. Еве што улови неговиот мобилен телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.