Дебитантот на евросцената, македонскиот состав на Хоризонт Турново, ќе игра против грузискиот клуб Дила Гори или против дански Алборг, во третото квалификациско коло во Лигата на Европа, но услов е да се елиминира Хајдук.
Турновци имаат негатива од 1-2 против екипата од Сплит, пред реваншот на 25 јули, четврток во Скопје. Ако го елиминираат Хајдук, тие ќе бидат домаќини на првиот дуел во следната рунда, без разлика кој ќе им биде противник. Дила Гори е многу поблиску до пласман во следната рунда откако дома победи со 3-0 против Данците.
Тој двомеч меѓу грузискиот претставник и Хоризонт Турново би бил интересен и од малку поинаков аспект. И двете екипи во составот имаат само домашни играчи, без ниту еден странец, што е реткост во модерниот фудбал.
Првиот натпревар од третото коло, ако Турново го надмудри Хајдук, ќе се игра во Скопје на 1 август, а реваншот е една недела подоцна, на 8 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа
-
Евра стана првиот фудбалер во Лига Европа кој бил исклучен пред натпреварот (видео)