| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи

Во Австрија листата на дефицитарни професии се проширува на 45, наместо досегашните 27 струки на работници кои работодавците очајно ги бараат и се потребни од земјите кои не се членки на ЕУ.

Ќе се воведе посебен картон за квалификувани клучни работници, кои итно ги бараат домашните компании, но и да се тргнат бирократските пречки како што се неколкугодишно професионално искуство и завршена обука, најмалку 3.078 евра месечна бруто заработка кај работодавачот, долгорочен договор за закуп на престојувалиште итн.

Покрај бројните технички занимања како заварувачи и електроинженери, на пример, се додаваат и готвачи, кои итно се потребни во многу туристички региони. Фалат келнери, сметководители, ѕидари и касапи, итн…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top