| четврток, 6 декември 2018 |

Повозрасна лекарка од Австрија тужи 25-годишен Македонец за кражба, но откако ја изневерил

Австриска лекарка (54) која е мажена, но разделена со сопругот, се вљубила во млад Македонец (25). Го примила во нејзината куќа во Корнојбург, каде што тој се грижел за нејзината градина, кучињата и либидото.

Можеби лекарката би му простила за исчезнувањето пари од паричникот, но кога го зел клучот од нејзината викендичка за во неа да ужива со 18-годишна келнерка, таа поднела кривична пријава против него за провала и кражба.

За инцидентот дознала откако нејзиниот сосед забележал светла во викендицата и повикал полиција.

Лекарката на суд негирала дека имала интимни односи со Македонецот, но тој тврдел дека таа од него барала сексуални услуги.

Судот поверувал на момчето, констатирајќи дека живееле во љубовна врска, а со самото тоа немало основа за кривично гонење, по што Македонецот бил ослободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top