Во Секретаријат за европски прашања, денеска ќе се одржи специјална проекција на израелскиот документарен филм „НА МАПАТА“. На оваа проекција, специјален гостин ќе биде поранешниот израелски кошаркар на МАКАБИ Тел Авив, Тал Броди, за кого е посветен филмот.
Тал Броди е роден на 30 август 1943 година и е поранешен американски-израелски професионален кошаркар и актуелен амбасадор на добрата волја на Израел, кој живее во Израел. Броди беше на 12-то место во националниот кошаркарска асоцијација (НБА), но тој одлучи да игра кошарка во Израел. Тој играше на национални кошаркарски тимови на САД и Израел, и служеше во армиите на двете земји.
Во 1977, тој го предводеше Макаби Тел Авив на шампионатот на Европските шампиони на ФИБА. Неговиот тим го порази тимот на Црвената армија, КК ЦСКА Москва. Познатата изјава на Броди по победата над Советите – „Ние сме на мапата! И остануваме на мапата – не само во спортот, туку и во сè.“ – стана дел од израелската култура.
Имено, на 02.12.2018 година започнува еврејскиот празник Ханука, каде ќе се запали и првата свеќа.
Ханука е еврејски празник, кој се слави во чест на осветување на Вториот храм во Ерусалим во времето на Макабејското востание против Селевкидската империја. Празникот Ханука трае осум дена, почнувајќи од 25-тиот ден од Кислев според хебрејскиот календар, односно од крајот на ноември до крајот на декември според Грегоријанскиот календар. Се одбележува со палење на свеќите од свеќник со девет краци, наречена ханукија. Еден крак обично е поставен над другите и таа свеќа се користи за палење на другите осум свеќи. Оваа се нарекува шамаш. Секоја вечер, се пали по една свеќа. Овој празник уште е познат како Фестивал на светлината.
Меѓу другото, на 03.12.2018 година во КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА со почеток во 20 часот, ќе се одржи свечено отворање на НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕНИОТ ИЗРАЕЛСКИ ФИЛМ од страна на амбасадорот на Држава Израел за Република Македонија, Дан Оријан.
Двата настани се во организација на амбасадорот на Држава Израел за Република Македонија, Н. Е. Дан Оријан и Здружението за развој на општеството и животната средина АКТА НОН ВЕРБА – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.