| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)

Најмалку 224 лица се уапсени за време на протестите на „жолтите елеци“ во саботата во Париз, кои резултираа со судир со полицијата и ранување на стотина лица, јавуваат француските медиуми.

Според соопштението од полицијата, до доцна попладне се уапсени најмалку 224 луѓе во Париз и тоа најмногу во близина на Елисејските полиња.

Како што пренесува „Ројтерс“ меѓу уапсените има екстремисти на крајната десница и на крајната левица.

Во Движењето „жолти елеци“ учествуваат граѓани од различни слоеви на општеството кои протестираат поради високите животни трошци. Тие бараат намалување на даноците, државни субвенции со цел да им се помогне на компаниите да вработат поголем број луѓе, поголеми пензии и поголема национална минимална плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top