| четврток, 6 декември 2018 |

Ршум во банкомат: Стаорец се здебелил за 17.662 долари, па починал на самото место

Стаорец „се здебелил“ за неверојатни 17.662 долари во рупи така што влегол во АТМ и се нагостил со парите.

Настанот се случил во индиската држава Асам. Стаорец успеал да влезе во банкомат и да изеде рупи во вредност од 17.662 долари и починал на самото место до прејадување. Банкоматот не рааботел неколку дена, па биле повикани мајстори да го поправат. Кога го отвориле – имале што да видат, пренесува Ројтерс. Парите биле претворени буквално во конфети, соопштил портпаролот на Државната банка на Индија, чијашто сопственост бил автоматот.

 

Стаорецот бил мал и успеал да ѝ се шмугне на камерата поставена внатре во банкоматот. Иако истражителите не нашле на камерите дека стаорецот влегол во банкоматот, не се сомневаат дека тој сепак, можеби, тој не ги „изел“ сите пари, туку дека и некој друг се послушил од трпезата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top