| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон одговори на гласините за кавгата со Меган Маркл (видео)

Извесно време се шпекулира дека двете јатрви на британскиот двор не се во добри односи, па дури и дека нивната нетрпеливост ги скарала принцовите Вилијам и Хари.

Кејт и Меган, толку биле скарани што Меган и Хари ја напуштаат Кенсингтонската палата. Како причина често се наведува темпераментот на Меган Маркл, како и предрасудите пред доаѓањето на Меган на дворот. Но, се чини дека сите шпекулации се пренапумпани.

Така, при посетата на Лечестер, Кејт која беше таму за да им изрази почит на жртвите во хеликоптерската несреќа им одговори на новинарите на неколку прашања, па дури и на она поврзано со бременоста на Меган.

На прашањето дали е возбудена за новиот член во кралското семејство, Кејт рече дека е многу возбудена и дека едвај чека нејзините деца да си играат со своите братучеди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top