Тој во текот на предсезонскиот фестивал во ова италијанско место, со оклопно возило буквално нападнал два автомобила со регистарски таблички од градовите на ривалите, Бреша и Рома.
Фудбалерот кој минатата недела од Палермо се врати во редовите на клубот Аталанта, се обидува да се одбрани на уште почуден начин. Тврди дека против своја волја учествувал во немилиот настан?!
„Сфатив што се случува дури откако тенкот почна да ги гази автомобилите, меѓутоа не можев ништо да видам бидејќи бев многу високо, на задната страна од возилото. Не забележав дека на автомобилите имаше симболи на двата конкурентски фудбалски тима“, напишал Миљачо во писмото упатено на Фудбалскиот сојуз на Италија.
„На улиците имаше многу мажи, жени и деца, атмосферата беше свечена, ме повикаа на тенкот и јас се качив. Не ми падна на ум дека може да се случи тоа што бидна подоцна. Во својата кариера, која не е кратка, секогаш се раководев од спортскиот дух, во речиси 500 професионални мечеви сум исклучен само еднаш и тоа поради два жолти картона“, се „вади“ 32-годишниот фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“