| четврток, 6 декември 2018 |

Единствена грчка Македонија – парада на средношколци во Грција (видео)

Средношколци од Каљари (Птоломеида) пред два дена излегле на улиците на ова мало гратче во северна Грција протестирајќи на тема „една и единствена грчка Македонија”. Поддржани од своите наставници кои биле со нив на улиците, младите излегле по улиците на Каљари каде што живеат и многу Македонци. Извикувале: „Грчкото знаме има бел крст. Ќе го служам додека сум жив”, „Кипар е грчки. Македонија е грчка. Мала Азија е грчка”, „Последниот збор го има народот”, „Славна Македонија”…

Овие неонацистички паради биле поздравени и од пратениците на Златна Зора во грчкиот парламент.

Вакви скандирања против Договорот од Преспа беа слушнати и на официјалната воена парада во Солун. На ова реагираше и на македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска која на 30 октомври изјави дека ваквите скандирања не се во духот на пријателство и создавањето добрососедски односи. Таа посочи дека од моментот кога е потпишан договорот, и во Грција и во Македонија постојат групи на луѓе, поединци, организирани групи кои се противат на новиот дух што, како што рече, сакаме да го наметнеме во регионот.

Инаку парадата во Солун се одржа по повод сеќавањето на денот кога Грција влегла во борбата против фашизмот во Втората светска војна.
И покрај нивната борба против, штета што досега не успеаја да го искоренат фашизмот кај нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top