| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Буенос Аирес: Тригодишно девојче злоупотребено да „шверцува“ пиротехника на стадион (видео)

Дербито меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс во Аргентина се доживува како вистинска „војна“. Не се бираат средства за да се наштети на ривалите, а се злоупотребуваат и мали деца. Едно тригодишно девојче е злоупотребено за да „шверцува“ пиротехнички материјали на стадионот.

Нејзиното тело е обвиткано со факели и чадни бомби, кои потоа треба да бидат поделени на трибините. Овој скандал ќе ја згрози светската фудбалска јавност, но во Аргентина, за жал, е секојдневие…

Извор: Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top