| четврток, 6 декември 2018 |

Ленче Ристоска од СЈО е избрана за обвинител за врски во Еуроџаст

Ленче Ристоска од СЈО доби уште една дополнителна функција, откако беше озбрана за прв обвинител за врски на Единицата за судска соработка на ЕУ со Македонија, Еуроџаст.

Гласноговорникот на СЈО ја преземала оваа функција од 12 ноември, објави Радио слободна Европа и според соопштението, нејзиното назначување ќе треба да даде важен придонес во засилувањето на врските меѓу ЕУ и Западниот Балкан во областа на кривичното право.

Обвинителот за врски работи со судовите од земјите-членки на ЕУ и треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал на случаи како проневера, измама, шверц на дрога и шверц на мигранти.. Еуроџаст потпиша вакви договори со Македонија, Црна Гора и Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top