Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 година, во близина на Македонски брод, објави Нетпрес повикувајќи се на полициски извори.
Според Нетпрес обвинителката, и нејзиниот неколку години помлад совозач, за среќа минале без телесни повреди во сообраќајката. Значителни оштетувања имало на нејзиниот автомобил марка „рено каптур“ со скопски регистерски ознаки. Интересен е податокот, што во документацијата која ја сочинила увидната полициска екипа, наводно совозачот бил заведен како „нејзин пријател“, без име и презиме.
Се работи за Ленче Ристоска, обвинител во Специјалното јавно обвинителство. Сообраќајката со својот автомобил марка „рено каптур“, се случила на 27 декември во околу 15.50 часот, кај влезот во село Требовље, во близина на Македонски брод.
Полициска екипа која извршила увид на местото на несреќата, констатирала дека до немилиот настан дошло поради неприлагодена брзина кон условите на патот. Полицајците утврдиле дека Ристовска возела со голема брзина на лизгав и подмрзнат тесен пат. Во еден момент таа изгубила контрола врз автомобилот и излетала од патот. Возилото завршило во плитка провалија. При падот автомобилот дури и неколкупати се превртел.
Зачудени од тоа како возач би можел да управува автомобил со толкава брзина по толку тесен, подмрзнат и лизгав пат, полицајците во првите моменти помислиле дека Ристоска е под дејство на алкохол. Веднаш и направиле алко-тест, но останале зачудени кога виделе дека во нејзината крв немало воопшто алкохол.
Полициската екипа, поради прекршокот, и пишала платен налог за глоба во висина од 50 евра, во денарска противвредност, на Ристоска, кој што таа го потпишала без никаков приговор.
ПНема информација за целта на патувањето на Ристоска, односно дали станува збор за службено, или пак за приватно патување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ленче Ристоска од СЈО е избрана за обвинител за врски во Еуроџаст
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)