| четврток, 6 декември 2018 |

Раблон победник на 18 етапа, Фрум и понатаму лидер

На 18 етапа на велоспиедската трка Тур де Франс победник е францускиот велосипедист Кристоф Раблон.

Тој етапата во должина од 172.5 километри ја помина за 4 саати 51 минута и 32 секунди. Раблон го премина американецот Тиџеј ван Гарден на последното искачување пред целта и така стана првиот французин што триумфирал на една етапа на овогодинешната трка Тур де Франс.
Лидер во генералниот пласман и понатаму е Крис Фрум кој на три етапи до крајот на натпреварувањето ја зголеми предноста пред најголемиот конкурент шпанецот Алберто Контадор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top