Многу нелогичности при делењето тендери на јавните институции. По серијата објави за сомнителни и скандалозни јавни набавки доаѓаме и до еден интересен случај од Општина Дебрца, пишува „Курир“.
Имено на 20 март годинава Општина Дебрца распишува тендер за изнајмување на механизација за потребите на општината.
Во прилог на договорот објавени се и цените кои ги понудила компанијата ДД Мутиш со вкупна цена од 1700 денари од час и за кои е потпишан договорот на 18 април годинава.
Но, на 2 мај истата фирма доставува до градоначалникот на Општина Дебрца известување за неможност за исполнување на договорни обврски и раскинување на договор.
Како што е наведено во известувањето причината е несериозното негативно наддавање на другите учесници при што се постигнати енормно ниски цени.
По само два дена Општина Дебрца го поништува тендерот и распишува нов. При повторувањето на тендерот „зделката“ ја добива истата компанија „ДД Мутиш“ но овој пат со драстично повисоки цени.
Така за разлика од претходниот тендер со кој за еден час работа компанијата требало да наплаќа 1700 денари за час со новиот тендер Општина Дебрца ќе плаќа 4400 денари за еден час ангажирање на механизација.
Останува нејасно како е дојдено до овие поголеми суми и каде се компаниите што учествувале на претходниот тендер и кои понудиле пониски цени и поради нив биле постигнати драстично пониски цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.