| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: И Тадиќ купи мерцедес, па не го апсевме како Груевски (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Кирилица“ на телевизијата „Хепи“ објасни како Груевски избегал од Македонија, односно кога и како поминал низ Србија на пат кон Унгарија.

Објаснувајќи дека Србија не можела да го уапси Груевски бидејќи немало потерница и дека Србија, Црн Гора и Албанија направиле се според законот, Вучиќ потести дека и поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, исто како и македонскиот премиер, набавил блинидран „мерцедес“.

-И Тадиќ го купи истиот блиндиран мерцедес како Груевски, за исти пари, на ист начин – преку БИА, без јавна набавка, но немаше никаква причина тој да биде уапсен бидејќи тој не оствари никаква противправна корист, а „мерцедесот“ ѝ остана на државата, рече Вучиќ.

Поранешниот претседател на Србија во 2010 година набави блинидран „мерцедес“ за кој спрските власти платија 600.000 евра, исто колку што чинеше мерцедесот што го купи владата на Груевски.

-И што мислите, Европа ќе ни аплаудира?! Да му отидеме и да му речеме: Оди две години на робија, го направи истото што и Груевски, рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top