Tретото издание на КРИК – меѓународен фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, ќе биде отворено во среда, (21 ноември), во Музејот на современа уметност во Скопје.
КРИК годинава ќе ја обработува генералната тема: АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување. На програмата на фестивалот, која ќе се одвива во неколку делови до 19 декември, 2018 година, ќе има предавања, уметнички презентации, дискусии, работилници и филмови.
По свеченото отворање на фестивалот во среда на кое ќе се обрати уредувачкиот тим Искра Гешоска, Елена Вељанoвска и Артан Садику, Маурицио Лазарато, италијански социолог, филозоф и активист, кој живее и работи во Париз, ќе одржи воведно предавање „ Помеѓу политиките на задолжување и нео-фашистичкиот бран во светот“. Потоа, Пост глобал Трио ќе изведат музички перформанс, а вечерта ќе заврши со Дј-сет на Тони Димитров.
Програма на Фестивалот:
Прв фестивалски дел: 21.11. – 24.11.2018
21.11.2018 (среда)
19:00 Отворање на фестивалот
19:30 – 21:00 Помеѓу политиките на задолжување и нео-фашистичкиот бран во светот, Маурицио Лазарато, (ИТ), предавање и разговор
21:00 – 22:00 Пост глобал Трио (MK), музички перформанс
22:00 – 00:00 Тони Димитров (MK), Дј-сет
22.11.2018 (четврток)
19:00 – 20:00 За постанувањето поранешен, Петар Милат (ХР), предавање и разговор
20.15 – 21:30 Das nackte Überleben / Гол опстанок, Катрин Бекер (Г), презентација на уметнички видеа и разговор
23.11.2018 (петок)
12:00 – 16:00 Jасно и гласно, Маја Ќириќ (СРБ), работилница за критичко пишување во сферата на визуелните уметности (прв дел)
19:00 – 20:00 Cine-Soma. Картографски филмски наративи Ангела Мелитопулос (Г), предавање, презентација и разговор
20:00 – 21:00 Маурицио Лазарато во разговор со Ангела Мелитопулос
21:00 – 23:00 CËRPA (ГР), музички сет, Millions of dead tourists (ГР), концерт
24.11.2018 (сабота)
12:00 – 16:00 Јасно и гласно Маја Ќириќ (СРБ), работилница за критичко пишување во сферата на визуелните уметности (втор дел)
20:00 – 21:30 Кризата на неолиберализмот, кризата на демократијата Алфредо Саад Фиљо (БР/ВБ), предавање и разговор со Бранимир Јовановиќ
:: Втор фестивалски дел: 07 – 08.12.2018
07.12.2018 (петок)
19:00 – 19:45 Менување на идеалите, ре-преговарање на просторот, Copenhagen Architecture Festival (ДК), видео проекција
20:00 – 20:45 Номадски идентитети – талкајќи во внатре во слободата, Контрапункт-Скопје (MK), видео проекција
20:45 – 21:45 FREIRAUM/Простори на слободата, Јоханес Еберт (Г),
Воведно предавање проследено со разговор помеѓу Јоханес Еберт и Сигне Софи Богилд, модерирана од Елена Вељановска
08.12.2018 (сабота)
20:00 – 21:00 Newsreel Front- Естетиката во политички ангажираната и посветена уметничка практика, Ника Аутор (СЛ), презентација на видео дела и разговор
21:00 – 21:40 Ника Аутор (СЛ), Newsreel 63 – возот на сенките (2017),
38 мин, филмска проекција
:: Трет фестивалски дел: 11 – 19.12.2018
11.12.2018 (вторник)
19:30 – 21:00 Мало фолио за тетатр, Иван Додовски (MK), промоција на книга
12.12.2018 (среда)
12:00 – 16:00 Текст и изведба, Иван Додовски (MK), работилница за критичко пришување во изведбените уметности и литературата (прв дел)
20:15 – 21:30 Дали криптовалутите можат да придонесат во создавањето на нов модел на производство, Крестон Дејвис (САД)
Предавање и разговор
13.12.2018 (четврток)
12:00 – 16:00 Текст и изведба, Иван Додовски (MK), Работилница за критичко пришување во изведбените уметности и литературата (втор дел)
20:00 – 20:45 Jelgava `94, Јанис Јовенс
Промоција на книга и диксусија со авторот Јанис Јовенс во соработка со издавачката куќа Готен
Промотор: Владимир Јанковски (МК)
20:45 – 21:30 Критиката во регионот (Словенија, Хрватска, Србија)
Промоција на книгите Напомош,читаме книга! и Опасно читање, поимник за книжевна критика
Промотори: Лука Остојиќ (ХР) и Миљенка Буљевиќ (ХР)
Дискусија Критиката во регионот: Лука Остојиќ (ХР), Миљенка Буљевиќ (ХР), Антонија Летиниќ (ХР), Миха Келемина (СЛ), Весна Милосављевиќ (СРБ), Душан Довч (СЛ) и Лујо Парежанин (ХР)
14.12.2018 (петок)
19:00 – 20:30 Презентација и дискусија за FAIRCOOP и Bank of the Commons
15.12.2018 (сабота)
20:00 – 21:30 Неколку размисли за под-идентитетот, Ана Вујановиќ (Г/СРБ), предавање со разговор
Критичка култура низ филмови | Џебно кино МКЦ
17.12.2018 (понеделник)
20:00 – 21:30 The Waldheim Waltz (2017)
Режија: Ruth
Beckermann (Г)
18.12.2018 (вторник)
20:00 – 21:30 Araby (2017)
Режија: João Dumans, Affonso Uchoa (БР)
19.12.2018 (среда)
20:00 – 21:30 Transit (2018)
Режија: Christian Petzold (Г)
КРИК 03 – фестивал за критичка култура, ќе ги преиспитува парадигмите на моќта, еманципаторските крстопати на политичкото и на естетското низ патеката која комуницира со сите репресивни облици врз граѓанството.
Нашата цел е преку КРИК 03, низ лабораториски концепт кој подразбира разноликост на уметнички и дискурзивни практики, да ги истражиме можните стратегии за реформулирање на псевдо императивните општествени и политички стабилности, создавајќи платформа за нови, нестабилни, критички политички и социо-културни наративи.
Соочени со подемот на национализмите, изолационизмот, автократиите, ориентирањето кон неофашистичката политика, повеќе од јасно станува дека либералната репрезентативна демократија е во слободен пад. Оттаму чувството на постојана вонредност, на длабика исклучуеност од страна на апаратусите на моќта.
Во лавиринтот на слоевитите читања на вонредноста која го дефинира хронотопот во рамки на државниот и идеолошки дисциплинирачки апаратус, во рамки на овогодинешниот КРИК 03 би сакале да ги истражиме можностите на отпорот како гест на креирање на нови, солидарни политички и социо-културни наративи, кои ќе стојат наспрема псевдо-дискурзивните усвоени практики кои реферираат на прашањата на моќта, заедницата/заедничките добра, јавното добро и јавниот интерес, политичката сензибилност контекстуализирани низ читањата на епистемолошките формации кои се проткајуваат низ критичките уметнички, политички, економски и култруни практики.
Кога различните наличја на фашизмите (економски, културни, општествени), ни тропаат пред портите, суверенот кој сега има тело и перформатив на мноштво, на втолпеност (не на заедница, туку глутница, група која почива на интерес) добива кредибилитет да преземе активности спротивни на потребата да се „одбрани заедницата“. Во целата оваа сценографија стапува на сцената политиката која е заснована врз концептот вонредна состојба и на исклучување (кое е едновремено и вклучување во голиот живот). Тогаш каков е односот помеѓу политичкото, уметничкото и животот ако „животот се пројавува како она што треба да биде вклучено преку исклучување“? Тој може да ги скрши и основните човекови права и слободи во име на вонредната состојба..
Неизбежноста на стратегијата за вонредност преку исклучување влегува во политичката сценографија како гест на политичкиот менталитет на дискурсот на транзицијата, кој со цел да се прикрие чинот на уништување на заедничкото и неговото претопување во интересите на малкумината, кои командуваат со суверенитетот, постојано ја прогласува транзицијата како наратив под која се одвиваат низа исклучувања. Под привидот на постојаните реформи, стабилизираниот систем го структуира искуството на реалноста на исклучување кај транзциониот субјект, што е деполитизирачко искуство кое го вкотвува во пасивноста на секојдневниот живот. Една од многуте манифестации на вонредната состојба е политичкото исклучување на многумината, со што се отвора друг начин на постоење, покрај „голиот живот“ – оној на живот под принуда.
Субјектот на транзиција е во состојба на вечно исчекување, во исчекување на резултатот од транзицијата. Низ ваквиот процес настапува постојано исклучување од неговото активно дејствување за сопственото обликување во средиштето на политичкото и општественото што е прикладно за процесот на отворено постанување на субјектот.
Нашето миље е пејазаж на мноштвеност од вонредни состојби, во кои се обидуваме да ја изведуваме нашата политичка и социо-културна субјективност во однос на општествените структури кои се скаменети, затворени, предодредени. Се чини дека времето кое го живееме е време на репрезентација и повторливост на „историјата на истоста“. Како да ги преобразиме конструираните, длабоко архивираните скрипти на зададените модели и перформативи на политичкото, во рамки на нашите општествени динамики и релации кои ја следат логиката не на креативнта, дијалектичката заедница, туку на „фамилијарноста“. Како да го арикулираме отпорот кон наметнатиот доминантен императив за тоа дека треба да станеме репрезенти на веќе архивираните и прифатени политики на нашата заедница, кои ни ги исцртуваат прецизно смерниците по кои се движиме, мислиме и однесуваме. Која е судбината на заедницата во општествата каде што суверенот создава авторитарни но прифатливо демократски граматики? На трагата на Роберто Еспозито, кој говори за семантиката на проприумот, ќе се обидеме да ги преиспитуваме и истражуваме феномените на заедницата, која се организира околу „нормалноста“ на парадигматичните појмови кои се однесуваат на припаѓањето, сопственоста, конвенциите. Како состојбата на вонредност, на ургентност дозволува да настане конфузија околу заедничкото и партикуларното. Дали е можна утопијата на заедничкото во време на пенетрација на капиталот и на апропријација на јазикот на онтолошките вертикали. Дражава на исклучок – способноста на суверенот да се надмине владеењето на правото во име на јавното добро.
КРИК – фестивал за критичка култура е отворе (Критика – Реакција – Идеја – Конфронтација) има цел да ги промовира уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки кои ќе придонесат за еманципација и демократизација на социо-културниот контекст. КРИК застанува во одбрана на правото на критичка култура, која постојано ќе ги поместува границите на еманципаторските политики во социо-културниот простор.
КРИК е отворена платформа низ која се истражуваат и изучуваат можностите на проникнување помеѓу естетското и политичкото, помеѓу уметничките практики и нивното влијание врз пошироката демократизација на општеството. Во рамки на КРИК се промовираат теориските, социо-културните, економските и уметничките практики како важна алатка со која може да се менуваат општествените наративи.
КРИК – Фестивал за критичка култура се реализира во соработка со: Мутлимедијалниот Институт (MI2), од Загреб, kuda.org од Нови Сад, Berliner Gazette од Берлин, n.b.k. Video-Forum од Берлин, платформата Светот околу нас – критиката во регионот, организирана од партнерските организации kulturpunkt.hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија), SCCA – Љубљана (Словенија), Проектниот простор Прес ту егзит (Македонија).
Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Фондација отворено општество – Македонија, Фондацијата Култура нова од Хрватска и Креативна Европа 2014 – 2020.
Логистички партнери на фестивалот се: НУ Музеј на современа уметност – Скопје, Младински културен центар и порталот окно.мк
Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.