| четврток, 6 декември 2018 |

Трудна 27 години помладата манекенка: Борис Новковиќ чека трето дете!

Борис Новковиќ (50) чека дете со доста помладата манекенка Ирис Волф (23).

-Тој најубав и најплеменит подарок на љубовта и двајцата навистина вистински го сакавме и благодарни сме што тоа и ни се оствари. Бременоста минува без проблеми, идната мајка блеска – рекол Борис Новковиќ за хрватските медиуми.

Тоа ќе биде трето дете за Борис Новковиќ. Со поранешната сопруга Луција со која се разведе во 2011 година има два сина, Ноа и Бона.

Новковиќ пет години беше во брак и со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top