| четврток, 6 декември 2018 |

Мислев дека ќе умрам: Преживеа една година пекол, а потоа се разведе од Бекер!

Прославениот германски тенисер Борис Бекер и холандската манекенка Лили Керсенберг се разделија после 13 години врска  и 9 години брак.

 

Проблемите во бракот почнале минатата година кога Бекер банкротирал. Легендарниот тенисер тогаш минувал низ голема криза и тоа влијаело на бракот. Лили отворено проговорила за тоа.

-Беше тоа тешка година, се запуштив целосно, премногу пиев, пушев, излегував и не ми беше грижа. Мислев дека мојот живот е ужасен и дека ќе умрам. Пиев вотка, пушев една кутија цигари дневно, а Борис минуваше низ пекол и не ме ни забележуваше. Едноство се разделивме и секој си тргна по свој пат-призна Лили.

Сопружниците после тоа тргнале на брачна терапија и се чинеше дека ја пребродиле кризата. Меѓутоа не за долго. Сепак се решија секој да тргне по својот пат.

Борис и Лили го имаат осумгодишниот син Амадеус.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top