Хрватскиот пејач Борис Новковиќ зад себе има три неуспешни брака, а веќе некое време ужива во романсата со 27 годии помладата девојка Ирис Волф.
Популарниот пејач на почетокот на годинава беше во љубов со балерината Ана Нахиќ, а брзо по раскинот вплови во нова врска со студентката на моден дизајн.
Парот се појави на премиерата на еден документарен филм во Загреб, после што потврди дека се заедно.
-Ирис и јас сме во врска, убаво ни е – рекол пејачот за хрватските медиуми.
Ирис освен што студира, работи и како модел, а во 2015 година прогласена е за најсекси Хрватка на еден од тамошните избори на убавина, кога се фотографирала гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.