| четврток, 6 декември 2018 |

На пописот во 2020 нема да има листови хартија, само лаптопи

Во пописот кој се планира за 2020 година за првпат ќе се исфрлат хартиените пописни листови, а податоците ќе се внесуваат во лаптоп со кој ќе располага секој попишувач.

Ова го кажува Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, во интервју за „Слободен печат“.

– Така се штеди на пари затоа што нема да се печатат хартиени анкетни листови, а и побрзо ќе оди обработката на податоците. Попишувачот ќе има пристап до пописната база и кога ќе почне да го прави интервјуто со лицето што го попишува, ќе му стави на увид какви податоци за него има во базата. Доколку лицето даде некој различен податок од тој што го има во пописната база, предност се дава на податокот што го дава испитаникот, но секако останува и другиот податок, а потоа се прави дополнителна проверка за да се види зошто се јавува разлика. Доколку, пак, попишувачот дава податок за друго лице, тогаш предност ќе има податокот од пописната база – вели Симовски.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top