– Останав шокиран кога те нападнаа. Би сакал тоа никогаш да не се случеше и порано да можев да те посоветувам. Во тебе не пукале бидејќи одиш на училиште, туку затоа што зборуваше со омраза против талибанците – пишал Рашид, кој побегна од затвор минатата година откако беше уапсен поради обид за убиство на поранешниот пакистански претседател.
На својот 16-ти роденден минатата недела, хероината од Пакистан, Малала, одржа говор пред ОН во Њујорк и кажа дека добила нова сила и храброст да се бори за правата на сите деца за бесплатно образование.
Малала, која тогаш имаше само 15 години, беше тешкоранета од маскиран напаѓач на враќањето од училиште со училишен автобус. Девојката заврши во болница, и беше пренесена на лечење во Велика Британија каде што докторите ја спасија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)