| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Груевски, така се загрозуваат и другите лица кои се мета на прогон (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ е под политички инструирана полициска опсада само заради евтин политички театар кој се случи поради покривање на сопствената немоќ и неспособност на власта, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиловски на прес-конфереција одржана во апртиското седиште.

-Беспотребно беа вознемирувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, беа претресувани недолжни граѓани, без налог, без посебна наредба која никогаш не беше презентирана во јавноста. Провокација за нов меѓумакедонски конфликт. Од фотографии достапни во јавноста се гледа дека спротивно на закон, беше ангажирана и воена полиција која е под надлежност на Министерството за одбрана со која раководи министерката Радмила Шекеринска. Се покажа дека она што треба да бидат професионални институции работеа под чисто политички диктат, рече Стоиловски.


Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека одредени лица од партијата се изложени на политички притисок и прогон кој се спроведува со политички средства: следење, прислушување, константен притисок.

-Е сега треба, и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски и Зоран Заев да одговорат кого лажат и кого замајуваат. Тие имајќи ги во раце неограничените ресурси на државната безбедност и под едни вакви услови сакаат и уште сакаат лажно да прикажат дека не знаеја, или не знаат за движењето на Никола Груевски? Тоа е дилема која треба тие да ја одговорат.

Од друга страна, рече Стоиловски, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон.

Во оваа држава мора да престане самоволието на власта. Оваа власт го донесе најцрното време на Македонија, најцрното време во кое се менува име, идентитет, се качуваат даноци, се монтираат случаи, се одземаат институциите од граѓаните и се киднапираат од власта, се прогонува опозицијата и нејзината критичка мисла.

         

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top