| четврток, 6 декември 2018 |

Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)

Околу 200.000 луѓе, вклучувајќи ги полските лидери и националистички групи, маршираа низ Варшава во неделата за да ја одбележат 100-годишнината од независноста на Полска.

Ваквиот марш веќе некое време е тема на дебата за тоа дали владејачката партија ги поттикнува фашистичките групи и антисемитските движења. Владините функционери се движеа на одредена оддалеченост од главниот марш и националистите.

На неколку стотици метри зад нив, учесниците во маршот носеа банери со напис „Бог, чест, татковина“, а некои извикуваа: „Гордост, гордост, национална гордост“ и „Полска треба да биде на народот, а не црвена или во боите на виножитото“, алудирајќи на знамето на Советскиот сојуз и знамето на геј заедницата.

Пред почетокот на маршот, претседателот на Полска, кој е поддржувач на владејачката партија, им се заблагодари на оние кои го вееја знамето на земјата, велејќи дека нивните предци ги дале своите животи за тоа знаме.

Како што пренесува АП, патриотите извикувале „САД – империја на злото“, „Смрт на непријатеиите на татковината“, „Полска – бела и католичка“, додека членовите на патриотската „Сеполске младина“ го запалија знамето на Европске уније.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top