| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на Формула 1 е осомничен за поткуп

Сопственикот на Формула-1, Британецот Берни Еклстон е „посочен“ од германското обвинителство, како осомничен за давање поткуп на еден банкар во Германија

bernie-ecclestone

Станува збор за износ од 44 милиони долари што му се исплатени на германскиот банкар Герхард Грибковски, поранешен директор на „Бајерн Ландсбанк“ од Минхен.

Германецот уште во јуни минатата година е осуден на 8,5 години затвор, од еден минхенски суд.

Еклстон ги отфрла обвинувањата, објаснувајќи дека тој пред седум години, му платил на Грибковски, но вели дека тоа не било поткуп, туку парите биле дадени само за да се спречи даночна истрага во Велика Британија.

– Зборував со моите адвокати кои ме известија дека примиле документ со обинување од германското обвинителство, што сега се преведува, изјави Еклстон за лондонски „Фајненшл тајмс“.

Сопственикот на Формула-1 и поранешен автомобилски тркач вели дека е „жалосно сето она што сега се случува“.

Според Еклстон, доколку некој сака да тужи, тој ќе го направи тоа, а во таква ситуација не останува ништо друго, туку човек да се брани од обвинувањата.

Во 2006 година, германскиот банкар Герхард Грибковски беше надлежен да продаде 48 отсто од акциите на трките Формула-1 на една приватна фирма, која речиси целиот свој бизнис го има насочена кон спортот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top