Бојан Чмелиќ, Србин обвинет за убиство на Хуго Чекутки, претприемач од Малта, двапати бил отпуштен од работа.
Тој работел за претходно споменатиот претприемач во две негови фирми и се верува дека е отпуштен поради фактот што зборувал српски на работа, што е спротивно на правилото.
Ноел Фалкон, син на убиениот Хуго и директор на пет негови компании, вчера сведочеше во судот против Чмелиќ. Последното сослушување требаше да биде одложено откако Фалкон изгуби контрола и почна да го навредува Чмелиќ во судницата, додека Бојан се смееше на семејството на убиениот претприемач.
Инаку идентитетот на Бојан Чмелиќ е лажен, неговото вистинско презиме е Митиќ, а ова на судењето го потврди и инспекторот Николај Сант.
Бојан за време на престојот во странство користел лажен пасош. Тој го нападнал Чекутки, познат како „кралот на Малта”, пред неговиот ресторан и му задал два кобни убоди со нож. Инаку, Чмелиќ има богато криминално досие во Србија.
Тој беше обвинет дека на 13 јули, околу 22.30 часот влегол во најновиот бутик-хотел на Чекутки на Малта, му се приближил на бизнисменот, го прегрнал и го прободел во стомакот, пред многу сведоци. Чекутки бил префрлен во болница, каде што неколку пати бил опериран, но му немало спас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


