Бендот Werefox се враќа на сцената по една година интензивна креативна работа со нов музички израз (со гитаристот Хенес Џаекел) и снимен материјал за новоро ЕП. Со ова тие го најавуваат излегувањето на нивниот нов албум (кој треба да излезе кон крајот на годинава).
Првиот сингл од новото ЕП е песната „Pretty Girl Needs A Bath”, поткрепена со видео запис во режија на басистот на бендот Мануел Хан и неговиот брат Давид Хан, каде се појавува и познатата ролер-скејтерка Катја Ѓукиќ. Видеото е прво од серијата три кои се меѓусебно позврзани како визуелен продукт.
Во изминатата година и пол бендот интензивно настапуваше и со концерти низ Балканот, а наскоро ќе започне и нивната трета турнеја во регионов, која е планирана за крајот на Ноември. На 30-ти Ноември тие ќе бидат дел од шоу-кејсот на ПИН музичката конференција во Скопје.
“Pretty Girl Needs A Bath” е дефинитивно динамична песна, со нагласени RUN DMC битови, и е една од највозбудливите нови песни на бендот.
Повелете на 30-ти Ноември во МКЦ, на настапот на овој извондреден рок бенд од Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)