17-годишната Ана Трајковска од Тетово е новата Мис на лето. Изборот се одржа во неделата вечер на плажата Кадмо во Охрид, во организација на „Дина моделс” од Скопје.
За прва ивтора придружничка се прогласени скопјанките Елена Анѓеловска(19), односно Ана Ончева(17),а сите три се членки на одното студио “Црнокрак”.
Победничката Ана Трајковска освен парична награда од организаторот доби и право да ја претставува Македонија на еден интернационален избор за убавина, а придружничките добија ваучери од спонзорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.