Од четврток на големото платно на „Синеплекс“ пристигаат акциониот трилер со Џејми Фокс и Ченинг Татум „Падот на Белата куќа“ и хрватската комедија „Децата на свештеникот“. Добитникот на престижната награда Оскар Џејми Фокс и акционата ѕвезда Ченинг Татум ја одмеруваат својата снага во новиот филм на режисерот Роланд Емерих, најпознат по режирањето на епските блокбастери „Ден на независноста“, „Денот по утре“ и „2012“. Станува збор за акцискиот спектакл „Падот на Белата куќа“ кој ни пристига овој четврок.
Полицаецот Џон Кејл (Татум) го одбиваат за позицијата за работата од соништата – да работи за Тајната служба чија обврска е да го заштити Претседателот на САД Џејмс Сојер (Фокс). На негова жалост оваа вест ќе ја разочара неговата ќерка. Тој одлучува да ја одведе на разгледување на Белата куќа која токму во тој момент е под вооружан напад на паравојната армија. Насред хаосот кој ќе предивика пад на владата и во трка со времето, Кејл останува единствената надеж за спас на Претседателот, својата ќерка и целата земја. За потребите на Претседателот, за да може да избега од Белата куќа кога таа е окупирана тој го користи своето возило наречено „Ѕвер“. Всушност тоа е службениот прекар, но неговото име е „Ground Force One“. Се работи за огромна лимузина чија врата се отвара како трезор и која е висока цели 180cm. Особата која се вози во него често се смета дека во тој момент се наоѓа на едно од
најсигурните места на светот.
На кино платното пристига и „Децата на свештеникот“, хрватската комедија која руши рекорди на гледаност. Станува збор за новата комедија на Винко Брешан, режисер на најголемите хрватски филмски хитови „Како започна војната на мојот остров“ и „Маршал“. Главните улоги им припаѓаат на Крешимир Микиќ, Никша Бутијер, Дражен Кухн, Марија Шкаричиќ, Јадранка Џокиќ и Горан Богдан.
Отец Фабијан, млад свештеник на далматински остров, за да го зголеми наталитетот во местото почнува да дупнува спакувани кондоми. Тој се здружува со еден простодушен трафикант и полуден аптекар, па заедно, тајно ја укинуваат контрацепцијата на островот. По почетниот успех, многуте породувања и венчавки, работите се усложнуваат. Најпосле, на островот доаѓа бискуп и сѐ
станува лудо…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.