При претрес на домот на 36-годишен охриѓанец полицијата пронашла еден килограм марихуана, скриена во звучник во дневната соба, спакувана во неколку помали најлонски кеси и во тегли, информираат од СВР Охрид.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Марихуаната, како што информираат од СВР Охрид, пријавениот И.В. ја купил пред еден месец од лице од Скопје по цена од 500 евра. Намерата била преку свои канали да ја продава на наркопазарот во Охрид и во Струга.
Инаку, пријавениот досега не ѝ е познат на полицијата како извршител на вакви и други казнени дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




