| четврток, 6 декември 2018 |

Една година молк од институциите – ќе добие ли јавноста одговор кој го уби Мартин Јанушев?! (видео)

Јавноста се брануваше во 2011 година кога беше убиен младиот Мартин Нешковски. Протести на улиците, скандирања, обвинувања, барање одговорност. Убиецот беше приведен два дена по убиството. Правосилно обвинение имаше само 4 месеци по настанот, кривична пресуда по 6 месеци. Сега една година нема ништо, освен отворена истражна постапка против едно лице… во бегство… 15 дена пред една година од убиството. Случајност?! Каде се сега оние кои бараа правда за МАртин Нешкоски, да бараат и правда за Мартин Јанушев?! Зар животот на едниот Мартин вреди помалку од животот на другиот Мартин?! Го штити ли некој убиецот на Јанушев?!

Убиен 28 годишниот фудбалер, Мартин Јанушев – оваа вест ја потресе јавноста на 3 ноември 2017 година. Денеска, една година подоцна, нема никаква разврска на случајот. Кој го уби Мартин, кои беа поводот и причината?! За овие прашања семејството се уште бара одговори. Одговори бара и јавноста. Но одговор нема. Пред половина месец Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека отворила истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство односно дека , „лицето е осомничено дека на 03.11.2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот Мартин Јанушев. Имено, осомничениот, користејќи дозволено викенд отсуство, ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што издржувал казна затвор во траење од 20 месеци, дошол пред зградата во која живеел Јанушев, се сретнал со него и испукал повеќе проектили од огнено оружје кон жртвата, нанесувајќи му пет огнострелни повреди – прострелни рани. Од здобиените повреди, Јанушев починал“. Му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на негово пронаоѓање и лишување од слобода.

ОЈО се пофали дека во текот на предистражната постапка, Обвинителството интезивно работело на обезбедување материјални и вербални докази. Испитани биле над 40 сведоци и обезбедени биле голем број релевантни вештачења и анализи. Но јавноста не гледа некаков ефект од работата на ОЈО.

Јавноста се брануваше во 2011 година кога беше убиен младиот Мартин Нешковски. Протести на улиците, скандирања, обвинувања, барање одговорност. Убиецот беше приведен два дена по убиството. Правосилно обвинение имаше само 4 месеци по настанот, кривична пресуда по 6 месеци.

Сега една година нема ништо, освен отворена истражна постапка против едно лице… во бегство… 15 дена пред една година од убиството. Случајност?! Каде се сега оние кои бараа правда за МАртин Нешкоски, да бараат и правда за Мартин Јанушев?! Зар животот на едниот Мартин вреди помалку од животот на другиот Мартин?! Го штити ли некој убиецот на Јанушев?!

Алфа пред неколку месеци објави дека единствениот сведок кој по убиството, наводно посочил дека ноќта на 7 ноември лани, Филип Секуловски пукал во Мартин, ја повлекол изјавата. За Филип Секуловски имаше распишано меѓународна потерница, но на официјалната страница на МВР не стоеше за кое кривично дело се бара, дали потерницата е поради убиството на Мартин или поради тоа што тој е бегалец од Идризово каде беше на издржување затворска казна, а ден пред Јанушев да биде застрелан, Филип беше пуштен од затворот на слободен викенд, по што му се губи трагата.

Критичната ноќ неколку часа по ликвидацијата на Мартин, на социјалните мрежи беше посочувано лице како наводен извршител на ликвидацијата. Истиот тој беше поврзан и со фантомската агенција за обезбедување „Омерта“, но, овие наводи беа демантирани од истражните органи. Чаршиската истрага, побрза од онаа на полицијата и обвинителството, ден по убиството на Јанушев го лоцираше и Филип Секуловски како наводен извршител на убиството, по нарачка на тајниот сопственик на „Омерта“. Две недели по шпекулациите обвинителството се одважи да распише меѓународна потерница по Филип, но до денеска никако да докаже дека токму Секуловски критичниот 7 ноември го повлекол орозот на пиштолот, нишанејќи во Мартин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top