| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер го смени рекетот

Швајцарскиот ас Роже Федерер, иако важи за еден од најконзервативните натпреварувачи во тенисот, сепак направи исклучок

roger_federer

„Вистина е, имам нов рекет, со поголема „глава“. Досега имаше 229, а сега е од 249 сантиметри“, изјави Швајцарецот.

„Веќе го тестиравме рекетот и се оди одлично. Со него полесно ја постигнувам силата која ми е потребна при ударите. Според моето мислење, нов рекет е една од најголемите промени за еден тенисер“, нагласи Федерер.

Произведувачот на тениска опрема „Вилсон“, се уште не објавил конкретно со кој модел ќе игра Роже Федерер, а се очекува ова да се случи во наредните неколку денови.

Швајцарскиот тенисер својот прв дуел во Хамбург ќе го игра против Даниел Брандс, кој на тој начин ќе ја има „честа“ да му се спротистави на „новиот“ Федерер.

Најуспешниот тенисер во историјата е далеку од препознатливата форма, па вели дека победите му се неопходни со цел да го крене нивото на самодоверба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top