| четврток, 6 декември 2018 |

„Севилскиот бербер“ на 9 ноември во МОБ

Македонската опера и балет ќе ја прикаже операта која раскажува приказната за победата на младоста и љубовта, комичната опера во два чина. СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР од Џоакино Росини на 9. ноември 2018, со почеток во 20 часот.
Иван Еминовиќ диригира со оваа комична опера на композиторот Џоакино Росини. Марјан Јованоски во улогата на бескрајно снаодливиот и шарматен бербер Фигаро. Билјана Јосифов ја толкува импулсивната Розина, додека Благој Нацоски како нејзиниот партнер во заверите, Алмавива, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски
Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски.
Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф: Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска.
Настапува хорот и оркестарот на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top