Градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески, заедно со уште едно лице претепал фудбалски судија на вчерашниот натпревар во село Волино, дознава Лидер.
Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека работат на негово расветлување.
–На 28 октомври оваа година, во 14 часот и 25 минути, во СВР Охрид било пријавено дека на фудбаското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот. – стои во полицискиот билтен.
Ногачески дојде на функција на последните локални избори од редовите на владејачката СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Почина дебарскиот градоначалник Ружди Љата
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
На скандалите им нема крај: Градоначалникот на Радовиш сам си признава незаконско работење
-
Градоначалникот на СДСМ доби 18 месеци затвор за шверц на цигари – од денеска се враќа на својата позиција