| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на СДСМ доби 18 месеци затвор за шверц на цигари – од денеска се враќа на својата позиција

Градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев добил 18 месеци затвор за шверцот со цигари, дознава Прес 24 од неофицијални извори. Се уште официјално непотврдени информации велат дека градоначалникот ја признал вината откако обвинителството му го преквалификувало делото во шверц на цигари во обид.
Едно лице добило условна казна, додека синот и внукот на градоначалникот добиле по 12 односно 10 месеци затвор.
Стојчев е ослободен од притвор и до правосилноста на пресудата ќе остане на градоначалничката позиција.
Информациите се уште немаат официјална потврда.
Стојчев заедно со уште неколку лица беше фатен на дело со голема количина на цигари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top