Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул го отвори најголемниот аеродром на светот, во присуство на повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
По завршувањето на работата, аеродромот ќе содржи шест одвоени писти, ќе има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници.
Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.
Првиот лет е закажан за 31 октомври кон Анкара со авион од типот „Боинг 777“ на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines).
Новиот аеродром во Истанбул е лоциран на 35 километри северно од градот, а неговата изградба започна во јуни 2014 година. Сега е завршена првата од вкупно четири фази на изградба.
Аеродромот се простира на 76,5 квадратни километри и истиот досега Турција ја чини 10,5 милијарди евра.
За споредба аеродромот е три ипол пати поголем од оној во Франкфурт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)