| четврток, 6 декември 2018 |

Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше

Mенаџерот на Лестер, Клод Пуел, утринава ги демантираше пишувањата на медиумите дека се наоѓал во хеликоптерот, кој вчеравечер се урна веднаш по натпреварот на клубот. Французинот на „Твитер“ ги запре шпекулациите.

  • Ова е трагедија за клубот, во мислите сум со жртвите и нивните семејства. Сакавме да ги спасиме, неверојатно е тоа што се случи и тажен сум. Сакам да кажам дека не бев во хеликоптерот и дека сум добар – напиша Пуел.

Иако помина доста време, се уште нема официјални информации за тоа кој учествувал во кобната несреќа, ниту пак, во каква состојба се наоѓаат лицата кои биле внатре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top