| четврток, 6 декември 2018 |

На „француски Спајдермен“му е забрането да се качува по британски згради (ВИДЕО)

Французинот Ален Робер денеска доби забрана да се качува по британските згради откако на еден од највисоките облакодери во Лондон се качил без јажиња и без дозвола.

Робер вчера се искачи на 202 метри високата Херон тауер, кога полицијата ја опколи зградата, ги затвори улиците и ги избрка набљудувачите.

Тој беше уапсен кога се симна и денес се појави пред судот, каде што се изјасни за виновен за непријатностите за јавноста и беше условно осуден на 20 недели затвор и на парична казна од 5.500 фунти.

Исто така, „до понатамошната одлука“ му е забрането да се искачува по која било зграда на британска територија.

Робер (56) е познат како „француски Спајдермен“ и се има искачено на многу од највисоките згради во светот.

„Кога животот ми е на коцка, се чувствувам целосно жив“, им рече тој на новинарите пред вчерашното искачување.

mkd.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top