| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Посакувам силно, обединето ВМРО ДПМНЕ, кое ќе го урне ова зло! (видео)

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска рече дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањата од партијата, и дека се воздржува од коментар за тоа. Тој додаде дека посакува силно, обединето ВМРО-ДПМНЕ кое, како што рече, „што ќе го урне ова зло“, бидејќи кога ВМРО ДПМНЕ е силно, силна е и Македонија.

– Добив покана, но не можев да одам на прославата на ВМРО-ДПМНЕ. За помирувањето Зоран Заев нека одговори – изјави тој одговарајќи на новинарски прашања денеска пред судот.

Тој додаде дека ќе ги искористи сите правни можности за одлагање на казната, но додаде „живееме во ненормално време“.

– Не сум изненаден од одлуката. Само се присетувам на лицата на моите адвокати кога ми ја соопштија одлуката. Јас знаев. Тие не веруваа дека политички се одлуките – заврши тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top