| четврток, 6 декември 2018 |

„Боеми“ вечерва на сцената на МОБ

На 24 октомври 2018 (среда) со почеток во 20 часот, на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини.

Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на “Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер.

Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, а без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски.

Улогите ги толкуваат: Сандра Митровска,  Ѓорѓи Цуцковски,

Марјан Јованоски, Андреа Ѕаупа (Италија), Владимир Саздовски, Билјана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Димитар Кожухаров,  Диме Петров.

Во претставата учествуваат  хорот и оркестарот на МОБ.

Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими  ќе се изведе под диригентската палка на Енрико Довико од Италија, во режија на Дејан Прошев, претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top