| четврток, 6 декември 2018 |

Чоре отекол од десната страна, мора да се оперира (ВИДЕО)

Иако беше договорено, актерот Благоја Чоревски не го делеше каучот кај Жаре во „Еден на еден“ со колегата Гоце Тодоровски, а причината за тоа е доста сериозна.

Непосредно пред закажаното снимање на епизодата Чоревски добил напад на хернија и со брза помош бил префрлен во болница.

Сепак, си го одржа зборот и додека чека да му биде извршена операција, Чоревски му се придружи на Тодоровски со телефонско вклучување во вечерашната „Еден на еден“.

Како што секогаш бива кога гостуваат тие, Чоревски и Тодоровски направија вистинско шоу со маката на „хоспитализираниот“ актер. Благоја планирал да одигра уште една претстава, па да оди на лекување, ама маката го стигнала и му ги расипала плановите.

Жаре: Како си?

Чоре: Па ок сум, цела десна страна потечено…

Уживајте:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top