Седницата на Собранието за уставните измени, по повеќе одложувања беше најавено дека ќе продолжи вечерва во 21 часот. Не е познато дали вечерва ќе се гласа или само ќе продолжи дискусијата.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение кажа дека „согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку. До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена“.
Вечерва премиерот Зоран Заев, кој подолго време беше во Собранието го напушти и најави дека ќе оди во владата, велејќи дека се прават обиди да се обезбеди мнозинство за гласањето за уставните измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)