Помошник заменикот државен секретар на САД, Метју Палмер, не издржа до понеделник, од Белград, ја повтори заканувачката порака на неговиот колега, Вес Мичел, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.
Бараме од лидерството на ВМРО – ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда. – рече Метју Палмер, заменик помошникот државен секретар на САД, на панел на Белградскиот безбедносен форум.
Тој не одговори прецизно на прашањето дали неговата посета на Скопје идната недела ќе го одложи гласањето за уставните измени во Собранието и рече дека партиите мора да го стават државниот интерес пред партискиот.
Историскиот договор од Преспа и ги отвори вратите за европската иднина на Македонија. Нема алтернатива. Нема Преспа плус. Нема подобар договор од овој. – порача Палмер од говорницата на Форумот. „НАТО ја покани Северна Македонија да ѝ се приклучи на алијансата“, додаде Палмер.
На панелот Палмер говореше пред присутните за интеграцијата на земјите од Западниот Балкан.
Тој во недела пристигнува во Скопје на средби со државниот врв и политичките партии.
Посетата на Палмер доаѓа по писмото на Вес Мичел, кој му упати остри критики на Христијан Мицкоски за односот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на уставните измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


